Дете меѓу 11 Палестинци приведени во израелските воени упади на Западниот Брег
Израелската армија ги засили своите упади на Западниот Брег од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година
РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес приведе 11 Палестинци, меѓу кои и едно дете, во упадите на војската низ окупираниот Западен Брег, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Девет лица, меѓу кои и едно дете, се приведени во израелски притвор кога армиските сили извршија упад во јужниот град Витлеем и градовите Дура, Ал-Кармел, јужно од Хеброн, и Беит Умар северно од градот, соопшти палестинската новинска агенција Вафа.
За време на упадите извршен е претрес врз неколку домови, соопшти Агенцијата.
Израелските сили, исто така, приведоа двајца палестински браќа за време на упад во градот Бурин, јужно од Наблус во северниот дел на Западниот Брег.
Израелската армија ги засили своите упади на Западниот Брег од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.
Оттогаш убиени се над 1.000 Палестинци, а речиси 11.000 се повредени во нападите на армијата и илегалните доселеници на окупираната територија. Приведени се и над 20.000 Палестинци.
Минатиот јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
