Mohammad Sıo
23 Ноември 2025•Ажурирај: 24 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес соопшти дека извршила „прецизен напад“ во либанскиот главен град Бејрут, тврдејќи дека целта бил висок оперативец на Хезболах, пренесува Анадолу.
Радиото на Израелската армија соопшти дека цел на нападот во Бејрут бил Али Табатабаи, вршител на должноста началник на Генералштабот на Хезболах.
Официјалната либанска Национална новинска агенција објави дека „непријателски авиони“ бомбардирале јужно предградие на Бејрут, во кои има повредени и предизвикана значителна материјална штета.
Хезболах сè уште не го коментирал нападот.