Mohamed Sabry Emam Muhammed
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ТАИЗ (АА) - Најмалку десет лица загинаа вчера, во новиот бран насилство меѓу владините сили и бунтовниците Хуси во југозападниот дел на Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Провладините сили соопштија дека во судирите кај градот Taиз загинале седуммина милитанти на Хусите.
Во меѓувреме, двајца цивили загинаа, а двајца се повредени кога Хусите гранатираа во источниот дел на Taиз.
Немирите во Јемен избувнаа кон крајот на 2014 година, кога Хусите го гранатираа главниот град Сана и некои други делови од земјата.
Конфликтот ескалираше во март минатата година, кога Саудиска Арабија со други арапски земји започна воздушна кампања против Хусите, поддржувајќи ја јеменската Влада.
Речиси 7.000 луѓе загинаа во Јемен, од кои половината цивили, додека низ земјата се раселени околу три милиони луѓе.