Sarp Özer
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
АНКАРА
Техничкиот состанок на воените делегации на Турција и Грција, кој Воената команда на НАТО го пролонгира за денеска, а на кој ќе биде разговарано за „методите на разграничување“, би требало да започне во 14:30 часот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинар на АА од сигурни извори дознава дека техничкиот состанок е одлучено да се одржи денеска во 14:30 часот, по разговорот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Турција продолжува да ги поддржува активностите за тоа да се постигне решение со дијалог и без предуслови. Турските воени официјални претставници активно работат на подготовките пред денешниот состанок.
Покрај тоа, внимание привлекуваат ставовите кои ги изнесуваат грчките официјални претставници кои наведуваат дека ова нема да биде состанок на технички дијалог, туку дека тоа ќе биде состанок на кој Грција ќе го изнесе своето видување.
Споменатата ситуација е важна и од аспект на претставување на пристапувањата на двете земји кога станува збор за постигнување на решение за проблемите. Одредени кругови сметаат дека овие изјави на грчките страни изнесени само неколку часа пред состанокот, ги носат карактеристиките на злонамерните, се противат на дијалогот и поттикнуваат напнатост.
Од друга страна, изворите во НАТО го критикуваат и тоа што грчките медиуми го известија за тајните разговори и темите на вчерашниот состанок на Советот.