Kasım İleri
28 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Делегациите на САД и Северна Кореја започнаа преговори за организирање на состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и северокорејскиот лидер Ким Џонг ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп на Твитер потврди дека американската делегација пристигнала во Северна Кореја и започнала со состаноците.
„Северна Кореја има фантастични потенцијали и верувам дека еден ден тоа ќе биде земја на економија и финансии. Во тоа со мене се согласува и Ким Џонг ун. Ќе биде така“, порача Трамп кој претходно најави дека со севернокорејскиот лидер ќе се состане на 12 јули во Сингапур, а потоа го откажа состанокот, за пред два дена да каже дека не се откажал дефинитивно од планираната средба.
Паралелно со тоа, портпаролката на Стејт Департментот, Хитер Нојерт, соопшти дека состанокот на делегациите на САД и Северна Кореја се одржува во севернокорејскиот дел на демилитализираната зона Панмунџом.
„Ги продолжуваме подготовките за состанок со претседателот Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун“, порача Нојерт.
Вчера и Белата куќа соопшти дека ќе испрати делегација во Сингапур за да започнат со припремите за можниот самит на лидери на САД и Северна Кореја во согласнсот со првичните најави.