Fuat Kabakçı
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина најостро го осуди запловувањето на бродовите на американската воена морнарица во Јужнокинеското море и ги повика властите на САД итно да завршат со провокативните активности во тој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Канг соопшти дека бродовите на американската морнарица „Хигинс“ и „Антиетам", запловиле во кинескиот акваториум без потребно одобрување од Пекинг.
Во соопштението се наведува дека Кина најостро се противи на таквиот вид на вознемирување.
„Го повикуваме официјален Вашингтон да се откаже од таквите провокативни потези. Кина и понатаму ќе преземе потребни чекори за да го заштити својот суверенитет и безбедност“, порача Лу.
Паралелно со тоа, кинеското Министерство за одбрана ги упати поморските сили во правец на акваториумот во кој впловија американските бродови.
Во соопштението на кинеското Министерство за одбрана се наведува дека кинеската морнарица е одлучна да го интензивира военото присуство во Јужнокинеското море за адекватно да одговори на провокациите и да ја заштити ескалацијата на судирите од пошироки размери.