ИСТАНБУЛ
- Мустафа ДАЛА
Познато е дека Калифа Хафтар кој по последователните порази од либиската војска упати повици за прекин на огнот и изнаоѓање политичко решение, во изминатиот период на повеќепати не ги прифаќаше меѓународните обиди за воспоставување прекин на огнот и започнувањето на политичко решение и секојпат ги поткопуваше средбите за преговори, пишува Агенција Анадолија (АА).
Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили од источниот дел на Либија, кој е причина за неуспехот на многу меѓународни иницијативи за изнаоѓање на решение за кризата во Либија, почнувајќи од „Либискиот политички договор“ започнат во декември 2015 година и сите останати што следеа, продолжи со своите напади игнорирајќи ги договорите за прекин на огнот.
Сепак, по катастрофата со која се соочи неодамна против армиските сили на Владата на национално единство, особено во западните региони од земјата, тој веднаш се сврти кон барање на прекин на огнот и изнаоѓање политичко решение.
За таа цел, Хафтар и неговите сојузници се собраа во Каиро, главниот град на Египет, на 6 јуни.
По средбите, египетскиот претседател Абдулфетах Сиси, Хафтар и неговиот политички сојузник Акиле Салих, претседателот на Претставничкиот дом во сириски Тобрук, на заедничката прес-конференција најавија иницијатива наречена „Декларација на Каиро“.
Хафтар кој долго време ги игнорираше сите дипломатски напори за политичко решение во земјата, објави со Декларацијата во Каиро започнале нова политичка иницијатива за Либија и повикаа на прекин на огнот низ целата земја почнувајќи од 8 јуни.
Сепак, познато е дека Хафтар е личност која ги игнорираше апелите за прекин на огнот во многу иницијативи, како што е конференцијата за Либија во Берлин и Националната конференција за дијалог (Гадамис) под покровителство на Обединетите нации (ООН).
- Либискиот политички договор од 17 декември 2015
Со либискиот политички договор потпишан по иницијативата на ОН во Сухејрат, Мароко на 17 декември 2015 година, Претставничкиот дом во Тобрук и Националното конгресно собрание во Триполи се согласија за формирање на Влада на национално единство (УМХ) во Триполи.
За премиер на Влада на национално единство беше избран Фајез ал Сараџ.
Советот за безбедност на ОН со решението бр. 2259 ја призна Влада на национално единство за единствен легитимен претставник на Либија.
Со либискиот политички договор, Владата за национално единство на Либија се здоби со меѓународен легитимитет.
Хафтар се спротивстави на договорот, бидејќи договорот Владата на национално единство имаше моќ да го разреши. Под притисок на Хафтар, Претставничкиот дом во Тобрук не ги одобри списоците за советници поднесени од Владата.
Хафтар изврши притисок врз членовите на Советот на Владата на национално единство со цел таа да биде неоперативна, при што се повлекоа 4 од 9 члена на Советот.
И покрај сите напори на Хафтар, продолжи меѓународниот легитимитет на Владата на национално единство.
- Состанок во предградие на Париз, 25 јули 2017
Францускиот претседател Емануел Макрон, еден од најважните поддржувачи на Хафтар, беше домаќин на состанокот меѓу либискиот премиер Сараџ и Хафтар во париското предградие Ла Сел Сен Клу на 25 јули 2017 година.
Страните се согласија по прашањата за прекин на огнот, повторно воведување на либискиот политички договор и спроведување на избори во пролетта 2018 година.
- Конференција во Париз 29 мај 2018
Одлуката „да се одржат избори во пролетта 2018 година“, договорена на состанокот во париското предградие Ла Сел Сен Клу не беше спроведена. Двете страни повторно се состанаа во Париз, чиј домаќин повторно беше францускиот претседател Макрон.
На конференцијата на која учествуваа 20 држави, свои претствници испратија Турција, Алжир, Катар и Тунис, како и Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Кувајт.
На конференцијата страните решија да ги постават уставните темели на изборите, да ги подготват потребните закони за избори до 16.09.2018 година и донесоа одлука одржување на претседателски и парламентарни избори на 10 декември 2018 година.
Но тактиката на одвраќање од страна на пратениците кои го поддржува Хафтар и поткопување на уставниот процес за изборите го спречија спроведувањето на донесените одлуки.
- Конференција во Палермо 12-13 ноември 2018
Италијанскиот премиер Џузепе Конте им беше домаќин на Хафтар и Сараџ на средбата во Палермо, Италија, на островот Сицилија.Вкупно 38 земји, меѓу кои и Турција, Египет, Русија, САД и Алжир испратија свои делегации на оваа конференцијата. На конференцијата беше решено изборите да се одржат во пролетта 2019 година.
- Состанок во Абу Даби на 27 февруари 2019
Со посредство на специјалниот претставник на Обединетите нации во Либија, Гасан Селаме, во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, кој е главен поддржувач на Хафтар на дипломатско, политичко, воено и финансиско поле, се одржа нова средба меѓу Хафтар и Сараџ.
На состанокот не беше потпишан било каков договор, но специјалниот претставник на ОН за Либија објави дека страните се согласиле да се одржат општи избори по завршување на периодот на транзиција во Либија, без притоа да биде даде конкретен датум.
- Конференција во Гадамес 14 април 2019
На 14. април 2019 година во Гадамес, се очекува одржување на „конференција на национален дијалог“ со учество на сите фактори во земјата како дел од меѓународниот план за Либија, за решавање на конфликтот во Либија што го претстави Специјалната канцеларија на ОН во Либија.
ОН подолго време ја подготвуваше за оваа иницијатива на либиска територија меѓу засегнатите страни, но Хафтар на неколку дена пред почетокот на конфернцијата, по посетите на ОАЕ и Саудиска Арабија, на 4 април 2019 година нареди напад на главниот град Триполи и ја втурна земјата во нов виор на насилство.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за учество на Националната конференција за дијалог во Триполи пристигна на 4 април во периодот на бомбардирањата на Хафтар на главниот град.
Напад на Хафтар во време кога сите актери во земјата чекаа дијалог за прекин на огнот, предизвика изненадување и гнев во владата на Триполи.
- Состанок во Москва на 13 јануари 2020
Еден ден по прекинот на огнот што стапи во сила на 12 јануари по апелот упатен од страна на Турција и Русија, во Москва се одржаа одделни состаноци меѓу турската и руската делегација со страните од Либија.
Турската делегација учестуваше во формирањето на текстот на договорот заедно со Сараџ и претседателот на Врховниот совет на Либија, Халид ал-Мишри.
Руската делегација се обиде да го убеди Хафтар и неговиот политички сојузник Акиле Салих, претседателот на Претставничкиот дом со седиште во Тобрук.
Хафтар не го потпиша текстот на договорот подготвен како резултат на долгите напори и побара време до утрото. Хафтар на полноќ ја напушти преговарачката маса во Москва, изненадувајќи ги и руските соговорници и замина од Русија.
- Берлинска конференција 19 јануари 2020
Конференцијата за Либија, што се одржа во Берлин, се издвојува како една од важните меѓународни иницијативи спроведени со цел да се започне постојан прекин на огнот и политички процес во земјата.
На конференцијата организирана од страна на Германија и ОН, покрај постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Велика Британија, Франција и Кина, учество земаа и претставници на Турција, Италија, Алжир, Египет, ОАЕ, ОН, ЕУ, Африканската унија и Арапската лига.
За време на конференцијата Сараџ и Хафтар не се сретнаа, но Хафтар го бомбардираше Триполи еден ден по Берлинската конференција, која беше свикана со цел покрај прекинот на огнот да им се стави крај на вооружените активности во Либија од двете страни и нивните поддржувачи и придржување кон ембаргото за оружје на ОН.
Покрај тоа, во периодот кога меѓународните актери почнаа да се собираат за учество на Берлинската конференција, на 18 јануари, само еден ден пред започнувањето на конференцијата, вооружени групи и племиња од источниот дел на земјата, поддржувачи на Хафтар, објавија дека ги затвораат капацитети за производство на нафта и извозните пристаништа во регионот наречен Петрол Хилали (Petrol Hilali).
- Состаноци на воени комитети 5+5 во Женева, феврури 2020
Во планот за решение претставен од ОН во врска со Либија и поддржан од државите кои учествуваат во Берлинската конференција, со цел да се донесе траен прекин на огнот беа изготвени три одделни средби во кои би учествувале по 5 претставници од двете страни, 5 + 5; водејќи воени разговори, економски преговори и политички средби.
На 18 февруари, во Женева, Швајцарија, под покровителство на ОН, започнаа состаноците на воените комитети на кои учествуваа по петмина безбедносни лица, претставници на либиската влада и на Хафтар.
Меѓутоа, поради фактот дека милициите поврзани со Хафтар ги продолжија своите напади врз Триполи во периодот кога се одвиваа разговорите, либиската влада на 19 февруари објави дека ги прекинала разговорите во Женева.
Либиската влада објави дека не се согласува да се состане со Хафтар кој постојано ги отфрлаше мирните решенија и договори и нема да прифатат генералот пучист да има било каква улога во иднината на земјата.
news_share_descriptionsubscription_contact
