Ali Cura
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија досега се дијагностицирани 520.129 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, а бројката на починати се искачи на 6.829 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 8.706 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 520.129.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 114 лица, а вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 6.829.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 се искачи на 274.641, со зголемување од 5.271 лица во текот на последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,7 проценти, при што кај 34,1 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва, која е центар на епидемијата во Русија, детектирани се 1.493 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 204.428.
Во главниот град во последните 24 часа од коронавирусот починаа 44 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.231.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата е зголемен на над 14.500.000.
Во соопштението исто така се наведува дека 322.498 лица се наоѓаат под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.