Yosra Ouanes,Adil Essabiti,Hamdi Yıldız
28 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ТУНИС
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за два терористички напади изведени во Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите поставени на страницата на „SITE Intelligence Group“, организација која ги следи активностите на екстремните групи, врз основа на податоците објавени на порталот на ДЕАШ, под име „Amak“, се дознава дека ДЕАШ ја прифатил одговорноста за двете експлозии изведени во главниот град на Тунис.
Според порталот „Amak“, двата напади врз безбедносните единици на Тунис ги извеле милитанти поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Тунис, Суфјан ез-Зак, соопшти дека во главниот град се изведени два самоубиствени напади, едниот врз полициска станица, а другиот врз полициско возило во движење. Тој информираше дека во двата напади загинал еден полицаец, а ранети се осуммина, од кои пет полицајци.