Ikrame Imane Kouachi
22 Септември 2024•Ажурирај: 23 Септември 2024
НАБЛУС (АА) - Најмалку пет Палестинци, меѓу кои две деца, се повредени од израелски истрели денес во воена рација во градот Наблус на Западниот Брег, соопштија лекарите, известува Анадолу.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нивниот тим им укажала медицинска помош на пет повредени лица, меѓу кои и две деца на возраст од 15 и 13 години, кои се хоспитализирани.
Очевидци изјавија дека дошло до судири меѓу жителите кои фрлале камења и израелските сили за време на рацијата во стариот град Наблус.
Тензиите се зголемија низ окупираниот Западен Брег по смртоносната офанзива што Израел ја спроведува врз Појасот Газа, во која се убиени околу 41.400 луѓе, главно жени и деца.
Израел уби и најмалку 716 Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври минатата година, а околу 5.750 се повредени.