Erdoğan Çağatay Zontur
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
КАБУЛ
Двајца пилоти загинаа откако нивниот хеликоптер се сруши во северниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Хеликоптерот MD-530 во сопственост на авганистанските воздушни сили се урна во покраината Баглан“, се соопштува од Министерството за одбрана.
„До несреќата дошло поради технички проблеми“, се додава во соопштението.