Esat Fırat
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АЛЖИР (АА) - Два воени брода од руската морнарица во Црното Море се укотвија во пристаниште во Алжир со цел развивање на воената соработка меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерство за одбрана на Алжир се наведува: „Денеска, воените бродови на Црноморската флота на руската морнарица, хидрографскиот брод (KILDIN) и бродот танкер за нафта (Vice-amiral PAROMOV) се во пристаништето во Алжир.“
Истакнувајќи дека бродовите ќе останат во пристаништето во Алжир два дена, се додава: „Покрај зајакнувањето на заедничката координација меѓу двете армии, бродовите имаат за цел да ги зајакнат билатералните односи за воена соработка и размена на искуства меѓу алжирската морнарица и руската морнарица.“
Воени бродови на Русија и Алжир во ноември минатата година спроведоа заеднички поморски маневри на Медитеранот.
Алжир е еден од најважните воени сојузници на Русија на африканскиот континент, а исто така и еден од најголемите купувачи на руско оружје во регионот.