свет

Дали ЕУ некогаш ќе ја прекине зависноста од руските енергетски ресурси?

- Европа увезува 90 проценти од својот гас, а повеќе од 40 проценти од тоа доаѓа од Русија, вели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Dilara Hamit  | 17.05.2022 - Обновена : 18.05.2022
Дали ЕУ некогаш ќе ја прекине зависноста од руските енергетски ресурси?

АНКАРА (АА) - Неколку европски земји преземаат нови чекори и иницијативи за намалување на зависноста од руска енергија, откако Русија е обвинета дека ја финансира нејзината војна со Украина преку извоз на нафта и гас кон Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лидерите на Г7 неодамна ветија дека ќе ја прекинат зависноста од руската енергија со постепено укинување или забрана за увозот на руска нафта. САД веќе увезоа релативно помала количина на енергетски извори од Русија и го забранија увозот на нафта и гас од Русија.

Забраната за увоз на нафта може да биде економски удар за Москва, бидејќи Русија е една од најголемите извозници на нафта на светските пазари. Сепак, некои делови од Европа се силно зависни од руската нафта, и ЕУ добива околу една четвртина од својата сурова нафта од Русија.

Додека Г7 ги објави плановите за постепено укинување на увозот на руска нафта, ЕУ е премногу зависна од рускиот гас за да може да ја разгледа можноста за забрана на краток рок, бидејќи земјата историски е најголем снабдувач на гас во Блокот.

И како што вели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Блокот е ранлив бидејќи увезува 90 проценти од својот гас, а повеќе од 40 проценти од тоа доаѓа од Русија.

Зависноста потекнува од 1950-тите години, кога поголемиот дел од Европа согоруваше јаглен, генерирајќи јаглеродни емисии и уништувајќи ја животната средина.

Гасот, во спротивно, беше поевтин, почист и полесен за транспорт, па така стана неопходен за Европа.

Сепак Европската комисија вели дека сака да ја намали зависноста од рускиот гас за две третини оваа година и да ја прекине зависноста од руските испораки целосно пред 2030 година.

Новите планови се надоврзуваат на политиките за климатските промени за кои ЕУ моментално преговара за намалување на емисиите, а ова само ќе ја намали употребата на гас од ЕУ за 30 проценти до 2030 година.

Комисијата вели дека САД и Катар би можеле да заменат повеќе од третина од она што Европа го добива годишно од Русија. Проектите за сончева енергија се исто така помеѓу опциите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.