свет

Финскиот Парламент го одобри барањето за влез во НАТО

- На гласањето што се одржа во Парламентот, 188 пратеници гласаа „за“ членство во НАТО, а 8 пратеници гласаа „против“.

Atila Altuntaş  | 17.05.2022 - Обновена : 18.05.2022
Финскиот Парламент го одобри барањето за влез во НАТО

СТОКХОЛМ (АА) - Финскиот Парламент го прифати предлогот на Владата да поднесе барање за членство во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Откако финскиот претседател Саули Нинисте и премиерката Сана Марин на 12 мај соопштија дека „Финска треба да аплицира за членство во НАТО“, Владата го испрати предлогот во Парламентот.

На гласањето што се одржа во Парламентот, 188 пратеници гласаа „за“ членство во НАТО, а 8 пратеници гласаа „против“.

По оваа одлука се очекува Финска утре во Брисел заедно со Шведска да го поднесе барањето за членство во НАТО.

Во меѓувреме, шведската министерка за надворешни работи, Ан Линд, во изјавата за „ТТ“, официјалната новинска агенција на нејзината земја, рече дека дипломатските преговарачки напори со Турција за членство во НАТО продолжуваат.

Линд исто така истакна дека повеќе нема да одговара на прашањата поврзани со оваа тема.

- Шведската премиерка Андерсон и финскиот претседател Нинисте одат во САД

Од друга страна, соопштено е дека шведската премиерка, Магдалена Андерсон, и финскиот претседател, Саули Нинисте, ќе отпатуваат во САД на 19 мај.

Според соопштението на шведската Влада, двајцата лидери ќе се сретнат со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın