Betül Yürük
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ЊУЈОРК (AA) -Ендри Куомо, гувернерот на Њујорк, изјави дека напаѓачот во Њујорк бил под влијание на ДЕАШ и дека се радикализирал во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето до новинарите, тој рече дека првите докази укажуваат дека напаѓачот сепак делувал самостојно.
„Истрагата е во тек, но првите докази укажуваат дека напаѓачот по доаѓањето во САД почнал да се информира за ДЕАШ. Сеуште не поседуваме докази аз тоа дали имал соработници. Доказите кои во овој момент ги имаме покажуваат дека самостојно делувал во овој напад", рече гувернерот на Њјурок.
Џон Милер, заменик на началникот на полицијата во Њујорк, рече дека напаѓачот неколку недели го планирал спомнатиот напад, додавајќи дека е можно преку социјалните мрежи да добивал инструкции за тоа на кој начин ДЕАШ изведува вакви напади.
Истакна дека напаѓачот во возилото оставил и порака на арапски јазик.
Американските медиуми вчера пишува дека во пораката пишувало дека нападот е изведен во име на ДЕАШ.
Според наводите на американските медиуми, нападот во Њујорк го извел 29. годишниот Сајфуло Хахулаевич Саипов, по потекло од Узбекистан. Наводно во 2010. година влегол во САД илегално, со помош на зелена карта.
Потсетуваме, синоќа во Њујорк, возач на камионета прегази велосипедисти и минувачи на Менхетен и притоа усмрти 8, а рани 15 лица, што е прв смртоносен напад во Њујорк по 2001. година.