Ekip
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Колеџот Сириус, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, соопшти дека ќе го затвори основното училиште кое делува во рамките на оваа образовна установа, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако неодамна соопштија дека нема да може да обноват упис на голем број ученици, од Колеџот Сириус наведоа дека ќе го затворат основното училиште во кампусот Шепартон.
Како што пишува весникот „Shepparton News", Адем Енгин, директор на Колеџот Сириус, изјавил дека 200 ученици од 7 и 8 одделение се отпишале од училиште, поради што, како што рече, одлучиле во потполност да го затворат основното училиште.
Додаде дека ќе продолжат да изведуваат настава со преостанатите 100 ученици кои одат во училиштето од 1 до 4 одделение.
Австралискиот весник наведува дека отпишувањето на учениците во спомнатото училиште следуваше по обидот за пуч во Турција, којшто се случи на 15 јули минатата година.
Веднаш по обидот за пуч, околу 100 ученици се отпишаа од спомнатото училиште во кампусот Шепартон, со што бројот на отпишаните ученици моментално изнесува околу 300.
Се проценува дека училиштето само поради отпишаните ученици загуби околу милион долари на годишно ниво, односно 4 милиони, ако се земе во предвид и државната помош која изнесува околу три милиони.
И другите училишта коишто се поврзани со ФЕТО во Австралија, исто така во претходен период останаа без голем број ученици.