Salih Baran
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - САЛИХ БАРАН -
Грчките гранични сили започнаа да користат вентилатори на отворен простор за да се зголеми влијанието на гасните бомби, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите веќе 14 дена чекаат на грчката граница за да го продолжат својот пат кон Европа.
Одвреме-навреме грчките гранични трупи интервенираат врз мигрантите со солзавец, водени топови, како и со пластични и вистински куршуми.

Со интервенцијата на Грција, во рок од 2 недели повредени се околу 2.500 мигранти. Мароканскиот државјанин Адил Газал, сирискиот државјанин Мухамед Араб и Пакистанецот Мухамед Гулзар, беа застрелани.
Грција во нејзините незамисливи методи за спречување на мигрантите да ја поминат границата додаде уште една. Поради промената на правецот на ветерот, започна да користи вентилатор кој е монтиран на задниот дел на возило.
За да не се враќа кон нив гасот што го фрлаат кон мигрантите, грчките безбедносни сили почнаа да користат вентилатор, монтиран на воено возило, со што го зголемуваат и ефектот на диспропорционалната сила што ја користат врз мигрантите.
На снимките се гледа како грчките гранични единици го пуштаат вентилаторот откако интервенираат со гасни бомби.
Исто така откриено е дека Грција, која честопати врз мигрантите интервенира со солзавец, користи солзавци со поминат рок за да го зголеми ефектот.