Salih Baran
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) – Делегација на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ги посети мигрантите што чекаат пред грчката граница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жан-Мари Гарели, заменик на претставникот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци за Турција, заедно со својата делегација ги посетија мигрантите кои чекаат на грчката граница за да преминат во Европа.
Гарели потоа оствари средба и со заменик-гувернерот на Едрене, Јусуф Ѓулер.
Ѓулер истакна дека турската нација го покажува своето гостопримство и на местото каде што се сместени мигрантите.
Заменик-гувернерот исто така потенцираше дека хуманитарните потреби на мигрантите, особено на жените и децата, се исполнуваат на најдобар начин:
„Мигрантите не ги пречекуваме со бомби, туку со отворање на нашите срца. Се обидуваме да им помогнеме. Се обидуваме нашата помош да ја задржиме на највисоко ниво“, нагласи Ѓулер.
- „Турција ме импресионира“ -
Жан-Мари Гарели истакна дека ја ценат работата на Турција за мигрантите во сите региони.
Наведувајќи дека ги има посетено мигрантите во многу други земји каде што се прифатени, Гарели рече дека Турција заслужува различна пофалба за работата што ја прави.
„Бегалците и мигрантите се прифатени на еден многу добар начин, забележав дека Турција е земја која дава многу добра поддршка, во таа смисла вие сте модел во светот кој треба да се цени. Навистина сте модел земја која многу значи за нас и нè импресионира. Ние сме многу задоволни што работиме со вас“, нагласи Гарели.