Ivana Ramadanova
11 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Група активисти денеска одржа мирен протест пред седиштето на ЕУ Инфо центар по повод затворањето на границите за бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Со поставување на шатор, хартиени бродчиња и бодликава жица, тие остро го осудија градењето на ѕидови и огради кои го ограничуваат движењето на луѓето кршејки ги нивните основи права. Тие нагласија дека над 40 проценти од бегалците заробени под ведро небо на дожд и крај бодликавата ограда на јужната граница се деца од кои многумина имаат здравствени проблеми.
"Затворањето на границата за бе бегалците и повторно воспоставување на визен режим следуваат по низа дискриминаторски рестрикции и нелегални практики кои започнаа на границите долж балканската рута вклучувајќи профилирање и сегрегација на бегалците по национална основа, безбедни наспроти небезбедни градови, измислени ад хок валидни причини за барање на азил, воени наспроти економски мигранти, барање на пасоши или лични карти и сега забранет влез за сите" , вели активистката Габриела Андреевска.
Активистите упатија остри критики до Европа, прашуваајќи дали низ колонијаните политики во текот на историјата на Европејците им беа потребни визи и пасоши за да одат во други земји и да ги експлоатираат нивните ресурси и богатсвта, за Европа да им бара пасоши и визи на луѓе кои бегаат од војна и беда.
Активистката Тара Петковска порача да се отстрани оградата поставена долж македонско грчката граница, бидејќи, како што рече, праведниот свет се гради само со рушење на ѕидовите.
"Деновиве тивко, далеку од очите на јавноста, под патронат на ЕУ на нашата јужна граница беше подигната ограда од бодликава жица во вкупна должина од 100 километри во два реда. Како што беше објавено во некои медиуми, предвидено е оградата да достигне 300 километри. Со ова де факто се враќаме во минатото, кога ѕидовите делеа градови, а железните завеси држави. Иронично е што оние кои беа најголеми поборници за пад на тие ѕидови и завеси денеска се главни заговорници и покровители на подигањето огради од бодликава жица", рече Петковска.
Активистите едногласно побараа солидарност со сите бегалци и мигранти истовремено повикувајќи да се отворат границите, бидејќи како што рекоа, секој има право да бара азил и секој има право на слобода и движење.