Emre Gürkan Abay,Davit Kachkachishvili
21 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
ТБИЛИСИ (АА) - Со употреба на солзавец и гумени куршуми полицијата синоќа спречи влез на демонстрантите во зградата на Парламентот на Грузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Немирите пред грузискиот Парламент почнаа кога се собраа илјадници поддржувачи на опозицијата поради обраќањето на рускиот парламентарец, Сергеј Гаврилов, на заседанието на Собранието на православната парламентарна соработка во Тбилиси.
Според неофицијалните информации, пред грузискиот Парламент се наоѓале околу 10 илјади демонстранти.
Демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на Парламентот, што полицијата го спречи со употреба на солзавец и гумени куршуми.
Демонстрантите ги повикуваат грузиските официјални претставници на оставка.