Hakan Çopur
21 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера одобрил воздушен напад врз Иран, но за кратко време за предомислил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (NYT), во веста која се заснова на некои неименувани високи функционери, тврди дека американскиот претседател Трамп во последен момент се откажал да го нападне Иран.
„Њујорк тајмс“ во веста насловена како „Трамп одобри воздушен напад врз Иран, потоа наеднаш се откажа“ истакнува дека американските и дипломатските претставници, во 19:00 часот по локално време во САД, чекале да бидат нападнати иранските радарски и ракетни батерии, но по одлуката на Трамп да се откаже тоа не се случило.
Во веста се вели дека не е јасно дали Трамп ја променил својата одлука, или пак, администрацијата одлучила да спроведе друга стратегија.
Од друга страна, во веста на американскиот „Еј-би-ес“ (ABC) за истата тема се нагласува дека Трамп ја донел одлуката да се откаже, и покрај противењата на државниот секретар, Мајк Помпео, и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.
Белата куќа и Пентагон не дадоа никакво објаснување во врска со тврдењата.
Одговарајќи на прашањата на новинарите на оваа тема во Белата куќа, Трамп вчера изјави: „Направија голема грешка. Беспилотното летало беше во меѓународниот воздушен простор, имаме научни докази за тоа. (Во врска со тоа дали САД имаат план за напад врз Иран) Наскоро ќе видите.“
Трамп, истакнувајќи дека не верува во тоа дека беспилотното летало е соборено намерно, рече: „Мислам дека некој генерал или некој друг по грешка го сруши беспилотното летало. Добро е тоа што во беспилотното летало немаше никој (пилот). Да имаше, тоа би направило голема разлика. Но, моето чувство е дека тоа е направено по грешка.“
- Собореното беспилотно летало
Армијата на Иранската револуционерна гарда (ДМО) објави дека во утринските часови беспилотното летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ било соборено откако влегло во иранскиот воздушен простор во јужниот дел на земјата.
Централната команда на Војската на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) го потврди рушењето на леталото, но нагласи дека тоа се случило додека летало во меѓународниот воздушен простор.