Yusuf Hatip
21 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европските лидери повторно ќе се состанат на 30 јуни за да ги именуваат новите челници на институциите на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по самитот на лидерите во Брисел, со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер одржа прес-конференција.
Туск појасни дека лидерите не се договориле околу новите имиња за челници на институциите на ЕУ.
„Ниту еден не доби поддршка од мнозинството“, изјави Туск, кој додаде дека новиот самит ќе биде одржан на 30 јуни. Постојат несогласувања во мислењето кога станува збор за именување на челниците на Европската комисија, особено меѓу Германија и Франција.
Германија и понатаму го поддржува процесот „Spitzenkandidata“, но и истакнува дека е потребно да се постигне заедничко решение.
Од друга страна, Париз не е одушевен со Манфред Вебер, кандидатот на Христијанските демонстранти, кој го поддржува Германија, за позицијата челник на Европската комисија.