Hakan Çopur
21 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) – По соборувањето на беспилотното летало на САД од страна на Иран, Белата куќа одржа брифинг за лидерите на републиканците и демократите во Конгресот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот портал „The Hill“, во веста која се заснова на извори од Конгресот, објави дека на вчерашниот брифинг во Белата куќа, одржан попладнето, присуствувале Мич Меконел, лидерот на мнозинството во Републиканскиот сенат, Кевин Макарти, лидерот на малцинствата во Претставничкиот дом, Чак Шумер, лидерот на малцинството во Сенатот, и Ненси Пелоси, претседателот на Претставничкиот дом.
На друг состанок, исто така одржан во Белата куќа, присуствувале претседателите на некои комисии од Сенатот и од Претставничкиот дом.
Шумер, во изјавата дадена за медиумите по состанокот, рече: „Администрацијата пред да побара финансирање конфликт во Иран, треба да добие одобрение од Конгресот, како демократи ова е нашата позиција.“
- Изјава од Трамп која содржи и закана, а исто така ја намалува и тензијата
Одговарајќи на прашањата на новинарите на оваа тема во Белата куќа, Трамп вчера изјави: „Направија голема грешка. Беспилотното летало беше во меѓународниот воздушен простор, имаме научни докази за тоа. (Во врска со тоа дали САД имаат план за напад врз Иран) Наскоро ќе видите“.
Трамп, истакнувајќи дека не верува во тоа дека беспилотното летало е соборено намерно, рече: „Мислам дека некој генерал или некој друг по грешка го сруши беспилотното летало. Добро е тоа што во беспилотното летало немаше никој (пилот). Да имаше, тоа би направило голема разлика. Но, моето чувство е дека тоа е направено по грешка“.
- Собореното беспилотно летало
Армијата на Иранската револуционерна гарда (ДМО) објави дека во утринските часови беспилотното летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ било соборено откако влегло во иранскиот воздушен простор во јужниот дел на земјата.
Централната команда на Војската на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) го потврди рушењето на леталото, но нагласи дека тоа се случило додека летало во меѓународниот воздушен простор.