Mohammad Sıo
13 Јуни 2025•Ажурирај: 14 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 78 лица се убиени, а 329 се повредени во серијата израелски воздушни напади насочени кон иранскиот главен град Техеран рано утринава, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
„Неофицијалниот број на жртви од денешниот терористички напад на ционистичкиот режим врз покраината Техеран се проценува на 329 повредени и 78 убиени“, соопшти иранската полуофицијална новинска агенција „Фарс“.
Рано утринава Израел започна широка воена операција против Иран, со 200 авиони насочени кон неговата нуклеарна програма и ракетните капацитети со долг дострел.
Во нападот беа убиени неколкумина високи воени функционери и нуклеарни научници.