Emre Gürkan Abay
13 Јуни 2025•Ажурирај: 16 Јуни 2025
МОСКВА (АА) – Неколку меѓународни авиокомпании откажаа голем број летови до Блискиот Исток по нападот на Израел врз Иран, известува Анадолу.
По нападот на Израел врз Иран, цивилните авиони престанаа да го користат воздушниот простор на двете земји, како и на Јордан, Либан и Ирак, објави фирмата за следење летови „Flightradar 24“.
Израел, Иран и Јордан го затворија својот воздушен простор за летови, а откажани се повеќето летови закажани од Меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ во Бејрут, главниот град на Либан.
Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) им забрани на руските авиокомпании да летаат до Иран, Израел, Јордан и Ирак, а компаниите, вклучително и „Азербејџан ерлајнс“, „Емиратес“, „Флајдубаи“ и „Катар ерверјс“, ги откажаа своите летови до регионот.
- Нападот на Израел врз Иран
Израел започна напади врз иранскиот главен град Техеран, Тебриз, нуклеарниот погон Натанз во Исфахан и градовите Лорестан и Керманшах во раните утрински часови.
Во нападите се убиени и високи воени функционери и нуклеарни научници, вклучително и началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Мохамад Бакери и генералниот командант на Корпусот на Револуционерната гарда, генерал-мајор Хусеин Селами.
Во нападите Израел погоди и цивилни населби во Техеран, при што се убиени голем број цивили.