Трамп: „Иран мора да склучи договор пред ништо да не остане“
- „Нема повеќе смрт, нема повеќе уништување, само направете го тоа, пред да биде предоцна“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“, по масовните израелски воздушни напади врз нуклеарните и воени цели во Иран

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика Иран да склучи договор пред ништо да остане, и да ја спаси, како што рече, она што некогаш било познато како Персиска Империја, јавува Анадолу.
„Нема повеќе смрт, нема повеќе уништување, само направете го тоа, пред да биде предоцна“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“, по масовните израелски воздушни напади врз нуклеарните и воени цели во Иран, при што беа убиени и високи воени лица и нуклеарни научници.
Тој изјави дека му дал шанса на Иран за дипломатија, но и покрај тоа што биле толку блиску, не успеале да постигнат договор.
„Им реков дека ситуацијата ќе се влоши многу повеќе отколку што тие знаат, очекуваат или што им било кажано“, рече Трамп, додавајќи дека САД убедливо произведуваат најнапредна и најмоќна воена опрема во светот – и имаат многу од неа.
„Тие (Израел) исто така имаат капацитет и подготвеност да ја искористат ефикасно“, додаде американскиот претседател.
Трамп посочи дека одредени ирански тврдокорни лидери зборувале храбро пред неодамнешните настани, додавајќи: „Сите се мртви сега, и ќе биде само полошо.“
Во светло на „смртните случаи и уништувањето“ во Иран, тој рече дека сè уште постои можност да се запре „овој масакр, бидејќи следните планирани напади ќе бидат уште побрутални“.
Израел рано утринава започна широка воена операција против Иран, со 200 авиони насочени кон неговата нуклеарна програма и ракетни капацитети со долг дострел. Во нападот беа убиени високи воени функционери и нуклеарни научници.