Ayhan Şimşek
20 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот суд денес прогласи 97-годишна жена за виновна за соучесништво во убиството на над 10.000 луѓе во нацистички логор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ирмгард Фурхнер, позната како „секретарката на злото“, доби двегодишна условна казна од судот во северниот град Ицехо.
Фурхнер имала 18 години кога работела како стенографка и дактилографка кај командантот на нацистите на концентрациониот логор „Штутхоф“.
На почетокот на овој месец, таа пред судот рече дека ѝ е жал за тоа што се случило.
„Жал ми е за сè што се случи. Жалам што токму во тоа време бев во Штутхоф. Тоа е сè што можам да кажам“, рече таа.
Најмалку 60.000 луѓе, главно Евреи од цела Германија, беа убиени во нацистичкиот концентрационен логор во периодот помеѓу 1940 и 1945 година.
Случајот најверојатно е последното судење на нацисти вклучени во холокаустот, кој ги одзеде животите на 6 милиони Евреи за време на Втората светска војна.