Erbil Başay
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
БЕРЛИН (АА) – Извршена е истрага во седиштето на германската автомобилска компанија Ауди, во Инголштат, и во претставништвото на оваа компанија во Некарсулм, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на германската автомобилска компанија Ауди, Тони Мелфи, истакна дека извршените истраги во Инголштат и Некарсулм од страна на обвинителствата на Минхен и на Штутгарт биле поврзани со „прашањето за дизел“.
Мелфи нагласи дека соработуваат со обвинителството за да се разјасни случајот.
Во писмената изјава на обвинителството на Минхен се соопштува дека е започната истрага против неидентификувани лица врз основа на тврдењата дека се направени измами и несоодветни реклами во рамките на скандалот на оваа компанија за емисија на издувните гасови.
Во ова изјава се наведува дека вкупните 80.000 автомобили кои имаат V6-3.0 дизел мотор развиени од страна на Ауди, и кои биле продавани на американскиот пазар меѓу 2009 и 2015 година се во склоп на оваа истрага. Исто така, во изјавата се вели дека постои сомнение дека вредностите на емисиите на издувните гасови биле манипулирани со цел да се прилагодат со вредностите на емисиите во САД, и дека техничките подесувања биле користени за оваа цел.