Ömer Aydın
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
СТРАЗБУР (АА) - Поранешниот премиер на Шведска и член на Европскиот совет за надворешни работи, Карл Билд, коментирајќи ја скандалозната постапка на холандските власти кон турските официјални лица, се запраша дали и тој ќе заврши во затвор во случај да одржи митинг, на пример, во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако одржам изборен митинг за Швеѓаните во Виена, ќе ме ставите во затвор?“, Праша Билт.
Тој истакна дека не постои ниту една вистинска причина со која би се одбраниле тврдењата на некои претставници на Европската Унија (ЕУ) за забраната за одржување предизборни собири во други земји.
Тој додаде дека и самиот учествува во кампањи во странство по повод изборите во Шведска, истакнувајќи дека бил сведок и на предизобрни кампањи кои ги одржувале политичари од други земји во Шведска.
Тој изјави дека посегнувањето по забраните на германските, холандските и австриските власти ќе предизвикаат сериозни проблеми во однос на слободите, особено во однос на слободата на изразување и собирање.
Да потсетиме, холандските власти во саботата ги спречија министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Каја да ги посетат дипломатските претставништва на Турција во Холандија, и да се сретнат со турската заедница. Во придружба на полицијата, министерката Каја е испратена во Германија, од каде што во неделата се врати во Турција. Турската влада потоа ги прекина односите со Холандија на високо ниво.