Barry Eitel
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Компаниите „Vodafone“ (Водафон), „Nokia“ (Нокиа), „Audi“ (Ауди) и „SpaceX“ (СпејсХ) најавија дека со заеднички проект следната година ќе инсталираат 4G мрежа на Месечината, пренесува Anadolu Agency (AA).
Реализацијата на овој голем проект е најавена пет децении откако астронаутите на НАСА први слетаа на Месечината.
Целта на проектот е поддршка на идните мисии на Месечината. Астронаутите на тој начин ќе имаат можност за директна комуникација на Месечината и нема да зависат од сигналите кои ги испраќаат до Земјата и чекаат повратни информации, што е случај сега.
Предавателната мрежа не потешка од еден килограм ќе ја изработи „Nokia“, а „Vodafone“ ќе ги опреми уредите со сопствена 4G мрежа. Задачата на компанијата „Audi“ е да изработи ровери кои ќе ја користат таа мобилна мрежа на Месечината. „SpaceX“ ќе ја лансира наведената опрема со сопствената „Falcon9“ (Фалкон9) ракета на Месечината следната година.