Ekip
08 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
БЕРЛИН (АА) - Локалниот лидер на радикално десничарската партија Алтернатива за Германија (Alternative fur Deutschland) е повреден во напад од неколку лица во германскиот град Бремен, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локалната полиција соопштија дека веруваат оти нападот врз Франк Магниц, пратеникот во Бундестагот и лидер на партискиот огранок во овој град е политички мотивиран.
Од полицијата ги повикаа да се јават сведоците на настанот. Нападот се случи синоќа во близина на градскиот театар.
Од партијата позната под скратеницата АФД (AfD) денес соопштија дека Магниц го нападнале три маскирани лица кои го удирале со парче дрво и го шутирале по главата, по што тој е префрлен во болница.
Најмалата германска сојузна држава Бремен ќе одржи регионални избори на 26 мај, истиот ден кога се закажани изборите за Европскиот парламент.