Ekipa
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
БЕРЛИН (АА) - Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристијан Вагнер, изјави дека зградата во која се наоѓа Одделот за визи на германската Амбасада во Киев, главниот град на Украина, е погодена од руски проектили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Зградата во која се наоѓа Одделот за визи е очигледно оштетена“, изјави Вагнер на прес-конференција во Берлин.
„Сепак, Одделот за визи веќе не беше во функција, па немаше вработени при нападот“, додаде тој.
Во меѓувреме, портпаролот на Владата, Штефен Хебестрајт, рече дека Германија најсилно ги осудува руските напади.
Тој рече дека канцеларот Олаф Шолц претходно во текот на денот телефонски разговарал со украинскиот претседател Владимир Зеленски, уверувајќи го во солидарноста на Германија и другите земји од Г7.
„Лидерите на земјите од Г7 ќе одржат видеоповик со Зеленски утре“, рече Хебестрејт.
Тој нагласи дека Германија ќе стори „сè што е можно“ за да мобилизира дополнителна помош за Украина и да помогне во санирањето на оштетената инфраструктура.