Elena Teslova
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека постои можност рускиот и турскиот претседател да се сретнат во главниот град на Казахстан, Астана, кон крајот на оваа недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ќе отпатуваат оваа недела во Казахстан и лидерите можно е да одржат состанок на маргините на главните настани“, изјави Песков за новинарите на брифингот во Москва.
Песков негативно одговори на прашањето дали Анкара ѝ дала на Русија предлози за одржување разговори меѓу Русија и Западот, но тој рече дека тоа прашање може да биде започнато на средбата меѓу Ердоган и Путин.
Портпаролот на Кремљ ги најави и другите состаноци на Путин за вторник - со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед ал-Нахјан, и со генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, во Санкт Петербург.
Тој, исто така, рече дека Путин ќе одржи неколку одделни состаноци во Астана на маргините на самитот Русија - Централна Азија.