Mutlu Demirtaştan
25 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот фудбалер на француската репрезентација Николас Анелка е назначен за главен извршен директор (CEO) на Умранијеспор, фудбалски клуб од турската „1. лига Трендјол“ (2. фудбалска лига на Туркије), пренесува Анадолу.
Информацијата е потврдена преку соопштение објавено на социјалните мрежи од страна на клубот Умранијеспор.
„Добре дојде, професоре. Нашиот клуб постигна договор со Николас Анелка за позицијата главен извршен директор. Му посакуваме добредојде и успех на Николас Анелка“, се вели во соопштението.
Четириесет и четиригодишниот Анелка во својата фудбалска кариера играше за различни истакнати клубови, како што се Париз Сен Жермен, Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Челзи и Јувентус, а во 2005 година играше за турскиот клуб Фенербахче.