Ömer Tuğrul Çam
10 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
БРИСЕЛ (АА) - НАТО ги осуди нападите што Русија ги изврши во некои градови во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалните мрежи соопшти дека разговарал со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
Столтенберг нагласи дека ги осудува страшните напади на Русија врз цивилната инфраструктура на Украина.
Тој рече дека НАТО ќе ја продолжи својата поддршка за храбриот украински народ против нападите на Кремљ.
Инаку, украинските власти соопштија дека руските сили утрово лансирале 75 ракети во некои точки во центарот на Киев, од кои 41 се уништени.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека со високосензитивни оружја со долг дострел извршиле напад врз енергетската, воената и комуникациската инфраструктура на Украина.