свет

ОН повикуваат на деескалација во Црното Море по нападите врз комерцијални бродови

Повиците дојдоа откако два празни танкери за нафта, КАИРОС и ВИРАТ, пријавија експлозии и избувнување пожар додека пловеа недалеку од брегот на Турција кон руското пристаниште Новоросијск

Muhammed Yasin Güngör  | 02.12.2025 - Обновена : 02.12.2025
ОН повикуваат на деескалација во Црното Море по нападите врз комерцијални бродови

ИСТАНБУЛ (АА) – Обединетите нации (ОН) повикаа на деескалација во Црното Море по нападите врз комерцијални бродови минатата недела, јавува Анадолу.

„Повторуваме дека нападите врз цивили, цивилна инфраструктура, вклучително и енергетска инфраструктура, се забранети според меѓународното право, каде и да се случуваат“, изјави портпаролот Стефан Дужарик пред новинарите.

Повиците дојдоа откако два празни танкери за нафта, КАИРОС и ВИРАТ, пријавија експлозии и избувнување пожар додека пловеа недалеку од брегот на Турција кон руското пристаниште Новоросијск.

Дужарик рече дека ОН повикуваат на деескалација и ја повтори својата поддршка за „итен, целосен и безусловен прекин на огнот“ што би можело да го отвори патот за траен мир.

Москва во неделата официјално ја обвини Украина за нападите врз комерцијалните бродови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.