свет

Во израелските напади врз Газа убиени се 38 Палестинци, од кои 29 додека чекале хуманитарна помош

- Израел, кој предизвика хуманитарна катастрофа со блокадата на Газа и ограничување на протокот на помош во палестинската енклава, изврши напади врз шаторите на раселените Палестинци и врз цивилите кои чекале да добијат хуманитарна помош

Muhammed Emin Canik, Ramzi Mahmud  | 19.07.2025 - Обновена : 19.07.2025
Во израелските напади врз Газа убиени се 38 Палестинци, од кои 29 додека чекале хуманитарна помош

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 38 Палестинци се убиени, од кои 29 додека чекале да добијат хуманитарна помош, во израелски напади врз различни делови на Појасот Газа од утринските часови, известува Анадолу.

Израел, кој предизвика хуманитарна катастрофа со заострување на блокадата на Појасот Газа и ограничување на протокот на помош во палестинската енклава, изврши напади врз шаторите на раселените Палестинци, врз цивилите кои чекале да добијат хуманитарна помош и врз населените подрачја.

Во градот Рафа на југот на Појасот Газа, убиени се 29 Палестинци, а голем број се повредени кога израелската армија пукала врз лицата кои чекале да добијат хуманитарна помош во близина на Фондацијата за хуманитарна помош во Газа предводена од САД и Израел, која ја опишуваат како „стапица на смртта“.

Двајца Палестинци се убиени во градот Хан Јунис во напад на израелската армија врз шатор на раселени Палестинци.

Во источниот дел на градот Газа, 7 Палестинци се убиени, а 17 се повредени во напади на израелската армија врз шатори во близина на училиштето Ал-Табин, во кои биле сместени раселени Палестинци.

Во бомбардирањето на куќа во близина на градската болница Шифа има повредени лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.