Erbil Başay
28 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Три лица загинаа како последица на експлозија во германскиот град Бремен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата на Бремен се наведува дека утринава дошло до експлозија во Хуктинг, Бремен.
Во експлозијата што се случила во куќа загинале 41-годишна жена и седумгодишно дете. Последиците од детонацијата се почувствувале и во другата куќа во близина во која загина 70-годишна жена.
Експлозијата се случила во горниот дел на станбениот објект, а причината е сè уште непозната.
Германските медиуми јавуваат дека при детонацијата биле оштетени и околните куќи. Евакуирано е населението од објектите во радиус од 100 метри.