Muhammed Bilal Kenasari
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека во наредниот период очекува „попродуктивни разговори“ меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изборите во Турција се завршени. Сега можеме да влеземе во процес на попродуктивни разговори“, изјави Помпео, одговарајќи на прашањата на американските сенатори за односите со Турција.
Потсетуваме дека САД и Турција претходно постигнаа договор за регионот Мунбич во Сирија, изразувајќи надеж дека односите можат да се градат врз основа на овој процес.
„Турција не беше задоволна што воспоставивме блиски односи со Сириските демократски сили (СДС). Пред три недели постигнавме договор во врска со прашањето за Мунбич“, изјави Помпео.
Тој додаде дека Турција ќе биде важен сегмент на политичкото решение во Мунбич.
„Треба да прифатиме да соработуваме со нив на најдобар начин“, истакна американскиот државен секретар.
Делегациите на Турција и САД кон крајот на мај во Анкара го договорија нацрт-планот за решавање на случајот на Мунбич, според кој во неколку фази тој регион би требало да го напуштат терористите, а локалното население да ја преземе власта со поддршка на турските и американските сили.
На почетокот на јуни во Вашингтон се состанаа шефовите на турската и американската дипломатија, Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео, и ја потврија Мапата на патот за воспоставување безбедност и стабилност во Мунбич.