Gülşen Topçu
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
AЛ БЕЈДА (AA) - Од јеменската војска соопштија дека во рамките на судирите кои се случија во јеменската област Бејда, убиени се 25 Хуси, 5 лица се заробени, а е преземена и контролата врз некои стратешки точки во подрачјето на Лахиџ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Информативниот центар на вооружените сили базирана на соопштението на командантот на 117. пешадиска бригада, бригадниот генерал Абдураб ел Ешбахи, воените трупи ја презедоа контролата врз некои стратешки точки во северниот дел на Бејда, меѓу кои и планината Ел Халика.
Како резултат на судирите убиени се 25 Хуси, некои од нив се повредени, додека 5 лица се заробени. Се нагласува дека воените трупи продолжуваат да се движат кон подрачјето на Ес-Севадије.
Од друга страна, по судирите со Хусите во подрачјето на Кабејта кое се наоѓа во Лахиџ, преземена е контролата врз некои стратешки точки во ова место. Се истакнува дека воените трупи се приближуваат до планината Џалис каде што ги блокирале Хусите.
Во Бејда, која има голема важност поради положбата меѓу северните и јужните области, извесно време во тек се судири меѓу Хусите и владините сили.