Sorwar Alam
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Американската амбасадорка при Обединетите нации, Ники Хејли, го осуди однесувањето на Иран во пресрет на состанокот на Советот за безбедност на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Хејли упати критики до Техеран откако беше објавен извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за спроведување санкции против Иран со мандатот на Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност.
„Извештајот на Гутереш вклучува проблематични, но не и изненадувачки докази, дека Иран продолжува да ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН, така што праќа оружје на Блискиот Исток, ги крши забраните за патување и им дава поддршка на терористичките организации во дестабилизација на регионот“, се наведува во извештајот.
„Од Хусите до Хезболах, Хамас и Асад, иранскиот режим навикна да произведува значајни ресурси, далеку од своите домашни потреби, кои служат за поддршка на тероризмот и дестабилизија на регионот“, се додава во извештајот.
Хејли истакна дека доказите во најновиот извештај јасно ги покажуваат последиците од неактивноста во случај на иранскиот пркос.
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) при ОН ги даде овие коментари откако иранскиот Парламент одржа седница зад затворени врати во вторникот за да разговара за економската ситуација во земјата во очекување на новиот круг санкции на САД против Техеран.
Иран и понатаму се соочува со низа сериозни економски предизвици, вклучувајќи ја високата невработеност и слабата валута, благодарејќи на долгорочните економски санкции на САД.
Многу ирански трговци и увозници се соочуваат со потешкотии при добивање девизи, кои им се потребни да ја платат увезената роба.
Во понеделникот иранските трговци организираа демонстрации пред зградата на Парламентот во Техеран, во знак на протест поради влошувањето на економските услови.