свет

Газа: Палестинците произведуваат гориво од отпадна пластика поради тешкотиите со снабдување

Од 2 март израелските власти целосно ги затворија граничните премини кон Газа, а тоа доведе до хроничен недостиг на гориво што е потребно за секојдневно функционирање на населението

Aida Cako  | 02.05.2025 - Обновена : 02.05.2025
Газа: Палестинците произведуваат гориво од отпадна пластика поради тешкотиите со снабдување Фото: Mahmoud Abu Hamda/АА

СКОПЈЕ (АА) – Палестинците во Појасот Газа се принудени да прибегнат кон алтернативни методи за добивање гориво, преработувајќи отпадна пластика со хемикалии, поради сериозните тешкотии во снабдувањето со гас и гориво за возилата, јавува Анадолу.

Од 2 март израелските власти целосно ги затворија граничните премини кон Газа, а тоа доведе до хроничен недостиг на гориво што е потребно за секојдневно функционирање на населението.

Жителите на Газа, особено младите, почнаа да собираат отпадна пластика и преку импровизирани процеси, користејќи различни хемиски супстанции, произведуваат гориво што го користат за моторните возила и за домашните потреби.

Меѓутоа, во процесот на преработка на пластиката се испуштаат токсични гасови што сериозно ги загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.