Fatma Esma Arslan
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
ПАРИЗ (AA) - Гласноговорникот на француската влада Стефан Ле Фол најави дека од утре ќе има гориво на сите бензиски пумпи во Франција и дека е на повидок решението на кризата поради недостатокот на горивата до која дојде поради масовните протести и штрајкот поради новиот закон за работа во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ситуацијата се решава. Гориво има на се повеќе пумби, но и понатаму мораме да бидеме внимателни", рече Ле Фол и додаде дека од утре гориво ќе има на сите пубми.
Паралелно со тоа, синикатите во Франција соопштија дека е овозможен пристап до 14 од вкупно 15 нафтени резервари кои биле блокирани и дека штрајкот и понатаму трае во едно складиште.
Штрајкот на вработените во француските рафинерии доведе до голем проблем во снабдевањето на бензиските пумпи, а јавноста ја критикува полицијата поради примненетата сила во текот на судирите со демонстрантите кои ги блокираа сообраќајниците.
Нацрт на предлогот на спорната реформа на Законот за работа на 10 јуни ќе биде на дневен ред на францускиот Сенат, а синдикатите во таа земја најавуваат дека и понатаму ќе вршат притисок на владата да ги смени спорните делови на предлогот кои се однесуваат на зголемување на работните часови и загрозување на правата на работниците.
Францускиот премиер Мануел Валс минатата недела изјави дека се можни модификации на предлогот во текот на парламентарната процедура.