Vesna Besiç
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
ХАН ЈУНИС (АА) - Започна собирањето на Палестинците на масовните демонстрации под називот „Голем марш за враќање“ на границата меѓу Појасот Газа и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај израелските закани, Палестинците продолжуваат со мирните демонстрации со кои сакаат да укажат на проблемите со коишто се соочуваат. Палестинците, со масовните демонстрации ќе започнат по обавувањето на петочната молитва во близина на границата.
Илјадници Палестинци на границата со Газа веќе петти петок по ред мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата, во знак на сеќавање на 30 март 1976 година, денот кога Израел одзеде илјадници хектари палестинска земја.
Од почетокот на протестите досега загинаа 42 Палестинци, а ранети се над 5.500. Се планира, протестите да продолжат до средината на месец мај.
Денот на земјата во Палестина се одбележува од 1976 година, станувајќи, на некој начин, симбол на отпорот на Палестинците за враќање во својата земја, а воедно и обид да ѝ се укаже на Меѓународната заедница на потребата за заштита на правата на палестинскиот народ, на основање независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци во својата татковина.