Riyaz Khaliq Khaliq
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Вулканската ерупција во Јапонија предизвика најголемо ниво на тревога денес откако властите ги повикаа луѓето да се држат настрана од жариштето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Метеоролошките служби во југозападната провинција Кагошима издадоа тревога од највисоко ниво што бара евакуација на луѓето, објави јавната телевизија НХК.
Властите предупредија дека вулканот Сакураџима станува „многу активен“.
Во погодената област забележани се големи вулкански камења како паѓаат на 2,5 километри по масивните ерупции во неделата навечер.
„Ерупциите продолжуваат, а уште една голема ерупција е пријавена рано наутро. Вулканскиот чад достигна висина од 2.200 метри“, додадоа метеоролозите.