Barış Seçkin
18 Февруари 2021•Ажурирај: 19 Февруари 2021
РИМ
Вулканот Етна во Италија, еден од најактивните вулкани во земјата, синоќа во ноќните часови повторно исфрлаше лава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа повторно се активираше вулканот Етна која последно беше активирана на 16 февруари.
Овој вулкан е висок 3.326 метри и се наоѓа на островот Сицилија.
Според италијанските медиуми, се почувствувале серија експлозии во југоисточниот кратер на вулканот Етна, а била забележана и лава.
Лавата е забележана и во Катанија и неговата околина.
Вулканот предизвикал дожд од пепел во околните села.