Islam Doğru
27 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
ЊУЈОРК
Едно лице загина, а 4 лица се ранети во во вооружен напад во областа Хендерсон во американската сојузна државата Невада, известува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата што ја даде полицискиот оддел на областа Хендерсон се наведува дека двајца белци пукале по случаен избор од возило без никаква причина за време на празникот Денот на благодарноста.
Во вооружениот напад што е извршен во различни делови на округот лоциран на југот на градот Лас Вегас, повредени се 4 лица, коишто се пренесени во болници, додека едно лице го загуби животот.
Полицијата информираше дека се приведени двајца осомничени, жена на околу 20 годишна возраст и маж на 30 годишна возраст со тетоважи по телата, додавајќи дека истрагата е во тек.