Sinan Doğan
27 Ноември 2020•Ажурирај: 28 Ноември 2020
БОГОТА
На протестот „Меѓународен ден на борбата против насилството врз жените“ во Мексико полесно се повредени 23 полицајци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, стотици луѓе, претежно жени, кои излегоа на плоштадите во многу градови низ земјата, особено во главниот град Мексико, организираа демонстрации во знак на протест против родовата нееднаквост и фемицидот.
Во судирот што настана меѓу демонстрантите и полицијата полесно се повредени голем број демонстранти и 23 полицајци.
Полицијата интервенираше врз демонстрантите користејќи солзавец и вода под притисок што се користи при гаснење пожар.
Демонстрантите упатија повик за запирање на зголемениот раст на убиства на жени што се забележува во последно време во земјата, барајќи правда од Владата.
Во напади извршени врз жени, во Мексико се убиени 3.960 жени од јануари минатата година досега. Мексико е позната како земја со најголема стапка на фемицид меѓу земјите од Латинска Америка.