Ekipa
01 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) - Руските воени авиони уште во првата минута од Новата година извршија жестоки воздушни напади врз центарот на градот Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според опозициската опсерваторија, руските воени авиони од полноќ извршиле 10 воздушни напади во центарот на градот Идлиб и селото Кефер Секне.
Во меѓувреме, режимот на Асад ја нападна од копно областа Бидаме со топови, минофрлачи и ракети.
Сè уште нема информации за тоа дали има жртви во нападите.
- Последна ситуација во Идлиб -
Режимот на Асад и неговите приврзаници, Иран и Русија, на југоистокот на Идлиб ја продолжуваат копнената операција што започна на 20 декември. Режимот на Башар ал Асад и неговите приврзаници зазедоа 40 населени места.
Подоцна, во контраоперациите иницирани од опозицијата, бројот на населени места заземени од режимот се намали на 33, бидејќи опозицијата врати 7 населени места под своја контрола.
Од друга страна, бројот на раселени цивили од почетокот на ноември се искачи на 284 илјади.
Цивилите се раселуваат во релативно побезбедните кампови во регионите ослободени од теророт со турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ и во близина на границата со Турција.