Kasım İleri
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар за одбрана, Марк Еспер, соопшти дека донесена е одлука за испраќање на баталјон од 82-та Воздушна дивизија во Ирак, како резултат на тековните настани во оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Еспер на својот твитер-профил напиша: „По инструкциите на врховниот командант (американскиот претседател Доналд Трамп), донесов одлука еден баталјон од 82-та Воздушна дивизија во Ирак да се испрати во областа на Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM). Околу 750 војници веднаш ќе бидат префрлени во регионот. Дополнителни сили од Силите за брза интервенција ќе бидат подготвени за префрлување во наредните денови.“
Еспер, истакнувајќи дека префрлањето на војниците е како мерка за претпазливост, рече: „Ова префрлање е соодветна и мерка за претпазливост донесена како одговор на зголемувањето од нивото на закана за американскиот персонал и објектите, како што бевме сведоци во Багдад.“
Од друга страна, Трамп, вчера на својот профил на Твитер за најновата состојба во Ирак го обвини Иран.
„Иран ќе биде одговорен целосно за каква било загуба на живот, повреда или оштетување на кој било наш објект во Ирак. Во тој случај, ќе платат огромна цена. Ова не е предупредување, туку е закана“, рече Трамп.
Вчера, стотици луѓе се собраа пред Амбасадата на САД во Багдад за да протестираат против нападот на САД врз бригадите на Хезболах, поврзани со Хашди Шаби, поддржувачите на шиитските милициски сили во Ирак.
Демонстрантите ја скршија вратата на американската Амбасада во заштитената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓаат и владините згради, а потоа влегоа во зградата.